Уште од разводот сите очи се вперени во Бред и Анџелина, но во кадар некогаш влегува и некој друг.
Братот на Анџелина Џоли е скоро заборавен, иако и самиот е актер, меѓутоа тешко му е да излезе од сенката на својата славна сестра.
Во последно време ќе го забележите на скоро сите фотографии со Анџелина Џоли – висок маж, необичен, леден израз на лицето и секогаш со темни наочари за сонце.
Секогаш делува премногу близок на некој опсесивен фан, а премногу опуштено за член на нејзиното обезбедување. Но кога ќе го погледнете поблиску, нема грешка, тој е Џејмс Хејвен, роден брат на славната актерка.
Анџелина и Џејмс отсекогаш биле блиску, а во 2000 година изби скандал кога на доделување на „Оскар“ се бакнаа во уста.
Џејмс е две години постар од Анџелина, истото така е актер и продуцент, а се чини во овој период и е најголема поддршка на сестра си.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.