Откако српските медиуми објавија фотографии од Раша Новаковиќ, сопругот на Гоца Тржан со друга девојка како оди во хотел во доцни часови, таа одлучила да стави крај на бракот.
Гоца и Рашо не разговарале неколку дена, а наводно Раша не се вратил дома откако ги видел фотографиите во медиумите.
– Ајде бегај од мене, оди најди го Рашо и сликај го со некоја фуфа, прокоментирала Гоца на обидот на некои од српските медиуми да добијат одговор од неа.
Српските медиуми пишуваат дека Гоца била забележана во зградата на позанат српски адвокат каде барала консултации за разводот. Веќе подолго се зборува дека во бракот на Тржан и Новаковиќ не цветаат рози.
Проблемите настанале кога тој си оформил сопствен бенд и започнале се помалку време да минуваат заедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.