Пет лица се повредени, од кои едно е во тешка состојба, при експлозија што се случи во близина на полициска станица во Истанбул.
Се претпоставува дека експлозијата била предизвикана од автомобил-бомба.
Инцидентот се случи во истанбулскиот кварт Јенибосна при што е предизвикана материјална штета и на околните објекти.
Според очевидци по експлозијата се слушнале и истрели.
– Истата полициска станица беше мета на терористички напад и пред четири години – јави Си-Ен-Ен Турк.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Адеми на изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“ во Истанбул