Робин ван Перси го има постигнато најубавиот погодок во историјата на Премиерлигата, решија вкупно 25 ѕвезди, кои биле дел од англиското првенство.
Во гласањето учествуваа голгетери кои имаат постигнато 100 или повеќе погодоци во Англија, како што се Алан Ширер, Рајан Гигс, Џими Флојд Хасепбенк, Мајкл Овен, Лес Фердинанд, Емил Хески и многу други фудбалери.
Погодокот кој ќе се памти, Ван Перси го даде во дресот на Манчестер Јунајтед во 2013 година и тоа на средбата против Астон Вила.
Голгетерот постигна неверојатен погодок со волеј удар. асистент беше Вејн Руни, кој му подаде дијагонала долга речиси 50 метри. Ван Перси во трчање не дозволи топката да падне на земја и ја затресе мрежата на гостите, во победата од 3:0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)