| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент на гроздобер, со нож избоден маж

Вчера околу 12,00 часот во валандовското село Пирава на местото Пиравска плантажа, во камп со монтажни бараки за берба на грозје, при меѓусебна расправија Ј.А. (21) од Струмица, му нанел убодна рана во пределот на левата страна од стомакот на С.М. (66) од Велес, кој бил одговорен за евидентирање на гаjби од берба на грозје.

По настанот, Ј.А. заминал во непознат правец, а С.М. бил пренесен во Здравсвен дом-Гевгелија каде му била констатирана убодна рана во пределот на стомакот, по што бил задржан на понатамошно лекување.

По преземени мерки Ј.А. бил пронајден и приведен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top