| четврток, 6 декември 2018 |

„Тајмс“: Ал Каеда планира серија напади во Европа

Британскиот министер за одбрана Мајкал Фалон во изјава за „Тајмс“ вели дека Ал Каеда претставува „најдирекна закана“ за безбедноста на Велика Британија и Европа

Терористичката група Ал Каеда планира да изврши серија напади во неколку европски земји, вклучително и во Велика Британија, тврди во своето денешно издание лондонскиот весник „Тајмс“.

Весникот, повикувајќи се на анонимни безбедносни извори, наведува дека оваа терористичка мрежа ги планира нападите во Европа, во услови кога ирачките и сириските сили поддржани од меѓународната антиџихадистичка коалиција, и нанесуваат серизен удар на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

– За тоа време Ал Каеда мирно ги возобновува своите сили, изјавил истиот извор за „Тајмс“.

Тој тврди дека терористичката мрежа чека за да нанесе „смртоносен удар“ во Европа.

Британскиот министер за одбрана Мајкал Фалон во изјава за „Тајмс“ вели дека Ал Каеда претставува „најдирекна закана“ за безбедноста на Велика Британија и Европа.

– На мрежата не ѝ е нанесен конечен пораз. Британските власти и безбедносни служби сериозно ја сфаќаат терористичката закана по Велика Британија – нагласи Фалон.

Лондонскиот весник посочува дека синот на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин-Ладен, Хамза бин-Ладен, се повеќе го засилува своето влијание во организацијата, за што доказ се многубројните видеозаписи во кои тој се обрати до привразниците во последниве неколку месеци.

Американскиот Стејт департмент неодамна соопшти дека располага со „веродостојни информации“, кои укажуваат дека ИД, Ал Каеда и други терористички групи „продолжуваат да подготвуваат заговори за извршување напади во Европа“.

Според Вашингтон, овие закани првенствено се поврзани со враќањето во своите татковини на лицата што се бореле во редовите на терористичките групи во Сирија и Ирак.

– Сите европски земја остануваат ранливи на напади на транснационалните терористички организации – смета Стејт департментот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top