| четврток, 6 декември 2018 |

Не е прв пат – кога ме удри мислев дека ме сака, откри Ана Николиќ

ana

Скандалот што ја потресе цела Србија е тепачката меѓу поп-пејачката Ана Николиќ и нејзиниот сопруг Раста, со кој се венча пред два месеца. Сепак, ова не е прв пат Ана да има проблем со насилен партнер. Таа пред неколку години откри дека била во врска до момче што ја малтретирало и тепало, но таа тогаш го доживувала како негов начин да ѝ ја искаже љубовта.

Ова е дел од интервјуто, кое Николиќ го дала пред пет години.

Дали е точно дека ве тепало поранешното момче, со кое сте се забавувале пред да станете пејачка?

-Вистина е дека имав сериозни проблеми. Ја преживеав неговата посесивнсот, љубомора, физичко напаѓање.

Се срамите ли што сте дозволиле да бидете злоставувани?

-Се срамев и сметам дека тоа е основниот проблем. Поради тоа злоставувањето е толку распространето, бидејќи жените сметаат дека тоа е нивна вина, грешка, срам. Со тоа премолчено се дозволува и охрабрува таквото однесување.

 

Колку години имавте кога го трпевте злоставувањето?

-Беа тоа моите рани дваестти, многу пред да почнам да се занимавама со естрада. Мислам дека моите млади години и моето неискуство придонесоа да се најдам во таква ситуација за да на еден маж воопшто му падне на ум дека може да ме злоставува на било кој начин. Сега благодарение на мојот став и цврстина на карактерот ниту еден маж нема да дојде на идеја да повиси тон на мене, а не пак нешто повеќе.

ana2

Сепак последните случувања покажаа дека Ана е повторно дел од насилничка врска, која останува да видиме како ќе заврши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top