Џејмс Харисон од Австралија (78) личи како сосема обичен човек, но, сепак, крие нешто посебно – има спасено повеќе од два милиона животи. Познат е како „човекот со златна рака“ затоа што неговата крв во текот на последните 60 години спасила неверојатен број бебиња во Австралија, чијшто живот бил загрозен.
Уште како 14-годишно момче, Џејмс имал операција во која му било отстрането едното блодробно крило. Тогаш тој добил 13 литри крв од непознато лице, по што решил и самиот да стане крводарител.
Кратко откако почнал да дарува крв, докторите го повикале и му соопштиле дека негвоата крв би можела да биде решение за еден смртоносен проблем.
– Во Австралија до 1967 година, секоја година умирале по неколку илјади бебиња, а докторите не знаеле поради што се случува тоа. Исто така, се раѓале и многу деца со оштетувања на мозокот – раскажува Џена Фалкенмаер од Црвениот крст на Австралија.
Тоа била последица од резус-болеста, состојба во која текот на крвта на трудната жена почнува да ги напаѓа крвните зрнца на нероденото бебе. Оваа болест се јавува кога жената има резус-негативна крв (RhD негатив), а бебето резус-позитивна (RhD позитив), која ја наследило од таткото.
Кај Харисон биле откриени необични антитела во крвта, па тој заедно со докторите работеле на развивање на инјекцијата „анти-Д“, која ги спречувала трудните жени во текот на бременоста да развијат RhD антитела.
– Секоја капка од неговата крв е драгоцена. Таа беше употребена за да се направи лекот што спаси повеќе од два милиона животи. Секоја серија од „анти-Д“ лекот, која беше направена во Австралија, настана од неговата крв, а дури 17 отсто од жените во Австралија го имаа овој проблем, па со тоа спасивме огромен број животи – завршила Фалкенмаер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пациенти се жалеле дека долго чекаат, па болничар се решил да им покаже како изгледа вистински итен случај
-
Спречен терористички напад: Терористите пламнирале многу крв да се излее пред очите на Путин
-
ИСИС им се закани на Србите: Не сме ве заборавиле, ќе платите со крв!
-
Вака богатите вампири го продолжуваат животот – за многу пари купуваат крв од деца за да ја продолжат младоста!