| четврток, 6 декември 2018 |

Вака богатите вампири го продолжуваат животот – за многу пари купуваат крв од деца за да ја продолжат младоста!

Звучи како хорор-филм, но жива вистина е дека богатите и моќни не жалат да платат милиони за крвта на младите до 25 години за да си ја вратат младоста, а сега во Америка имаат и компанија, која тоа го овозможува легално .

„Амброзија“ е нова компанија, која ја води бизнисменот Џеси Кармазин, која купува крв од млади по цена од 8.000 долари од една трансфузија, за да ја продаде на богаташи постари од 35 години, кои сакаат да си ја обноват младоста, објави „Венити фер“.

Поради што?Поради феноменот што е познат како парабиоза, кога се спојуваат крвотоци на две личности, па доаѓа до директна размена на крвта. Научниците кои вршеле експерименти на глувци, во 2013 година објавиле дека кај постарите глувци на кои вака им ја разменувале крвта со млади глувци, биле забавени одредени аспекти на стареење.

Иако никогаш никој веќе не добил вакви резултати, а на луѓето не се вршени вакви експерименти, па станува збор за чиста идеја без никаква научна основа, припадниците на светската елита полудеа по идејата да останат млади.

Иако не е научно утврдено дека човекот може да има корист од парабиозата,  Кармазин вели дека кај стотина негови клиенти опаднале биомаркерите за болести на кардиоваскуларниот систем, ракот и Алцхајмеровата болест. Наводно, кај две третини на неговите клиенти се намалиле симптомите на Алцјахмеровата болест.

-Она што се наоѓа во младата крв, што и да е, доведува до промена, која го забавува процесот на стареење- изјавил тој.

Многу научници сметаат дека оваа идеја е контраверзна,а  самиот Кармазин признава дека некои клиенти му пријавиле дека подмладувачките ефекти со време исчезнуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top