| четврток, 6 декември 2018 |

Трик за одличен мирис: За тоалетот да ви мириса убаво со денови, потребни ви се само две работи

toalet

Уште еден корисен совет посветен на хигиената во домот, трик со кој ќе направите освежувач на воздухот за вашата бања. Да се одржува свеж воздух во оваа мала, а исклучително влажна просторија, некогаш е навистина мачно, но и скапо. За да имате супер природна арома, не ви се потребни вештачките освежувачи, кои ем се хемикалии, ем се непостојани.

Ова е природен, евтин и постојан освежувач. Се прави брзо и едноставно, а потребно ви е: ролна тоалетна хартија и етерично масло, ништо повеќе.

Капнете неколку капки етерично масло на кочанот од ролната (картонскиот цилиндер на кој е намотана тоалетната хартија). Мирисот ќе остане додека не ја потрошите ролната. А бидејќи најчесто освен таа што се користи, во вецето има и ролни кои чекаат, можете да го сторите истото и со нив.

Мириса одлично, особено кога ја одмотувате ролната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top