| четврток, 6 декември 2018 |

Патник го уништил тоалетот во авион, пилотот морал принудно да слета

Авион на американска авио-компанија бил принуден да слета на Аласка бидејќи патник го унпропастил тоалетот откако го искористил за своите потреби.

Летот на Јунајтед Ерлајнс кој бил на релација Чикаго – Хонг Конг бил вонредно усмерен на Аласка откако екипажот го информирал пилотот дека тоалетот е тотално вандализиран со измет, пренесува Ројтерс.

– Го примивме извештајот на екипажот од авионот и жал ни е за патниците кои изгубија толку многу време заради оваа ситуација, изјавил Џо Гаман, шеф на аеродромската полиција каде слетал авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top