Момчето кое го толкуваше ликот на Пинки во филмот „Рани“ никогаш не стигна да ги оствари своите сништа и да стане професионален актер. Душан Пекиќ, едно од момчињата што глумеше криминалец во тинејџерски години во „темниот“ Белград во доцните деведесеттти години на минатиот век, починал на само 19 години.
Пекиќ умрел во Краљево, за време на служење на воениот рок. Причината за смртта никаде не била официјално соопштена, а било наведено само дека починал во сон. Јавноста веднаш се посмнева дека е во прашање предозирање, пријателите, пак, се сомневаа дека Пекиќ е задушен, но до денес не се дозна вистината за неговата смрт.
Приказната е за момчето што можеше да стане голем актер остана како легенда
Имено, Душан во филмот „Рани“ се нашол сосема случајно, откако продуцентите го забележале во белградската населба Земун и го повикале на аудиција. Беше „обично момче“ во едно погрешно време и во една погрешна земја. Гостување во Атина било негово прво патување во животот на кое заминал со екипата од „Рани“, а неговиот филмски колега Шваба подоцна раскажуваше дека тогаш тие двајца за првпат во животот се опијаниле и првпат биле на летување.
Не го сакал училиштето, но имал силна желба се запише на Академија бидејќи, како што велел, таму „можел да работи на својата личност и да создаде иднина далеку од криминалот и од бедата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.