| четврток, 6 декември 2018 |

Од презреана до зелена има разлика: Знаете ли каква банана да одберете?

Во зависност од тоа колку е зрела бананата има различно влијание на вашето тело. Некои луѓе претпочитаат тврди, речиси незрели, а други се фаќаат за меките со многу црни точки на кората. И двете се добри за нашиот организам, но различно „работат“.

Зрелите банани, со црни точки имаат антиканцерогени својства. Стручњаците велат дека колку е потемна бананата, односно колку повеќе црни дамки има на кората, толку е поздрава, зашто содржи повеќе витамин Б и Ц, калиум и антиоксиданти.  Освен тоа, полесна е за варење.

Зеленикавите и потврдите банани се богати со пробиотички бактерии кои добро делуваат на здравјето на дебелото црево. Содржат помалку шеќер и повеќе скроб, кој всушност е одговорен за подолготрајното чувство на ситост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top