| четврток, 6 декември 2018 |

Германија во шок: Својот син го држеле 30 години затворен во подрум

na-krevet

Неверојатен случај на семејно злоставување ја шокирал Германија. Имено, родителите цели 30 години го чувале својот син затворен во подрум во семејната куќа во Баварија. Дури сега се откриваат детали од ужасниот третман кој несреќниот човек, сега 43-годишник, го трпел од свои 13 години.

Според пишувањето на германските медиуми, мажот кој најверојатно се вика Маркус, соседите го гледале многу ретко надвор, а според нивните сведоштва, физичката состојба во која се наоѓал била катастрофална. Често, како што велат, слушале врисоци од куќата, пишува Билд.

Кога полицијата го пронашла, Маркус бил избезумен и потхранет, неуреден, а ноктите на нозете му биле многу долги.

Мајката на овој маж раскажала за локалниот весник дека сакале “да го заштитат” својот син.

– Тој сакаше да остане со нас. Доколку ви кажам низ што минавме, нема да верувате, рекла мајката која полициската акција, при која нејзиниот син бил ослободен, ја нарекла “грабеж”.

Таа раскажала како нејзиниот син трпел злоставување уште во основно училиште. Тој, според нејзините зборови, одел во училиште за деца со посебни потреби, кое го напуштил поради малтретирање во 1989. година. Како што вели, злоставувањето на нејзиниот син било толку интензивно што не и преостанало ништо друго освен тивко да го “заштити”.

– Но, како да го докажам денес тоа? Би морала да ги обвинам тогашните ученици. Мојот син трпеше малтретирање бидејќи секогаш носеше стара гардероба, вели таа.

Против семејството ќе биде поднесена кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top