Екипите на СВР Струмица последните десетина дена заплениле осум килограми дрога, а имало и заплена на оружје, информира дополнителниот заменикминистер за внатрешни работи Оливер Андонов при неговата посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица.
Целта на посетата, истакна Андонов, е да се запознае со безбедносната состојба на реонот што го покрива овој сектор.
– Сакам и да искажам благодарност за заплената на дрога од околу осум килограми, потоа имаше и заплена на оружје, како и активности со добра соработка со регионалните центри за гранично обезбедување. Сакам на професионален начин да им дадам поддршка на вработените, на сите припадници на МВР и да им дадам моја помош за решавање на некои проблеми кои се појавуваат во работата, истакна дополнителниот заменикминистер.
Тој му забележа на новопоставениот началник на СВР Струмица што не се појавил на договорената посета.
– Жал ми е што не е тука началникот поставен од Оливер Спасовски. Веројатно ќе добијам објаснување каде е. Јас договорив средба со СВР Струмица што значи и тој треба да биде присутен тука, рече Андонов и додаде дека ваквите посети на секторите за внатрешни работи ќе се одвиваат во повеќе турнуси, најавувајќи нова посета за еден месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Андонов: Кој дал налог да се прислушкува претседателот Иванов?
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи