| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова со шеговита порака за папараците: Алал да ви е како успеавте да не откриете

Марија Шарапова не ја крие врската со Григор Димитров, а стаса и да се пошегува на сметка на папараците, кои објавија слики од заљубените како се бакнуваат на улиците на Мадрид. Таму настапија и двајцата, на тенискиот турнир од Мастерс серијата. Шарапова ќе игра за титулата, денеска, против Серена Вилијамс, а Димитров истотака имаше одличен настап и направи сензација со елиминацијата на Новак Ѓоковиќ.

По објавените фотографии како се бакнуваат, Шарапова им возврати на фоторепортерите. На една од камерите што ги пренесуваат тениските натпревари напиша: Алал да ви е како успеавте да не откриете. Шеговит одговор на честопати досадните и напорни ловци на атрактивни фотки.

sharapova dimitrov2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top