Репрезентациите на Италија и на Шпанија утре ќе го одиграат големото дерби во квалификациите за Светското првенство во Русија, а пред големиот натпревар во Торино, огромно внимание на јавноста на Апенините и привлече Леонардо Бонучи, кој имаше емотивен момент на прес-конференцијата.
Стоперот на Јувентус најпрво говореше за тоа каков тежок испит ја чека Италија на претстојниот дуел со „фуријата“, но во продолжение самостојно проговори за тешкиот период кој го мина, односно за ситуацијата која се соочи неговиот двегодишен син.
Италијанските медиуми ја почитуваа приватноста на фудбалерот во изминатиов период и само пренесоа дека операцијата на двегодишниот Матео минала успешно и според најоптимистичките планови, а сега самиот Бонучи се обрати пред новинарите и со солзи во очите откри низ што минале тој и неговото семејство.
– Тоа што се случи во изминативе два месеци е направи посилен. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на мојата сопруга и на мојот син со кои минавме навистина тежок период, но заедно го пребродивме. Во вакви тешки времиња, сфаќате што е најважно во животот. Критиките секогаш ве тераат да ги подобрите перформансите, но тоа што се случува во реалниот живот е многу поважно од еден погрешен пас – крајно емоционално изјави Бонучи кој мораше за момент да ја прекине прес-конференцијата за да ги сопре солзите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)