| четврток, 6 декември 2018 |

Македонецот Кокан Ајановски втор на полумаратонот

Македонскиот атлетичар Кокан Ајановски го освои второто место на полумаратонот во Скопје, зад победникот Кристијан Стошиќ, кој славеше и во 2009 година на скопскиот маратон. Во седмото возобновено издание на оваа манифестација има над 4.500 натпреварувачи. Во тек е главната трка, а се очекуваат на целта и дамите на делницата од 21 километар.

-Задоволен сум со времето од 1 час и 15 минути, иако за триесетина секунди е послабо од мојот рекорд. Публиката ме изненади со присуството, манифестацијата е одлично организирана и тоа ми причинува огромно задоволство – изјави за спортското радио 90,3, Ајановски. Трет на целта пристигна Мирослав Марковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top