| четврток, 6 декември 2018 |

„Гранд-гала“ за отворањето на новиот објект на МОБ

На 12 и на 13 овој месец, Македонската опера и балет приредува „Гранд-гала“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во спектакуларната програма и реновираното гледалиште во Салонот на МОБ.

Салонот на МОБ се реновира по 33 години од отворањето на сцената на МОБ во 1983 година. Новото гледалиште во МОБ ќе биде со намален број на седишта, за покомотно следење на настаните и пред секое седиште ќе има ЛЕД екрани, на кои ќе може да се следи титлот од претставите, а ќе имаат и други наменски функции. За свеченото отворање, МОБ подготви ексклузивна програма.

Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на: Fortuna Imperatrix Mundi (од Кармина Бурана), Hello (Adele), No one is Alone (од Into the woods), Танц на сабјите (од Арам Хачатуријан), The Fifth Element (од филмот The Fifth Element), Либертанго (од Астор Пјацола), Танго (од Дуке Бојаџиев, од филмот До балчак), A Thousand Years (K.Perry), Frozen Choir Suite, Frozen Highlights, Алелуја (од Г.Ф.Хендл), Ameno (Enigma), Adiamus (од филмот Аватар).

На сцената ќе има голем број на исполнители: Солисти, детски хор, хорот и оркестарот на МОБ. Диригент е Иван Еминовиќ, режисер, Трајко Јордановски, сценограф, Зоран Тошевски, костимограф, Марија Пупучевска, концертен мајстор Верица Ламбевска, а хорски мајстор Ѓурѓица Дашиќ.

Посетителите навистина ќе имаат ретка можност за вистинско уметничко доживување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top