Англискиот премиерлигаш Челси од ова лето работи на италијански погон. Новиот менаџер Антонио Конте се уште се обидува да го наметне својот стил на игра, а промени ќе следат и во зимскиот преоден рок. Тој планира да го продаде шпанскиот играч за врска Цеск Фабрегас, за кого е заинтересиран Милан, а сака од „Сан сиро“ да го доведе дефанзивецот Матиа Де Шилјо. Конте не е задоволен од изгледот на дефанзивниот дел од неговиот тим.
Челси е подготвен комплетно да го продаде Фабрегас, а го сака Де Шилјо и дополнителни 10 милиони евра. Конте во средниот ред многу повеќе им верува на Н’Голо Канте и на Немања Матиќ, а Фабрегас најчесто добива шанса од клупата за резерви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.