| четврток, 6 декември 2018 |

Морав да ја убијам сестра ми – се омажила за христијанин и го посрамила семејството

%d1%81%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0

24-годишниот Пакистанец Мубун Рајху од Лахоре, признал дека ја убил својата сестра затоа што омажила за човек од христијанска вера.

Тој ја застрелал својата 18-годишна сестра Таслим во глава откако открил дека таа, инаку муслиманка, се омажила за христијанин, и покрај тоа што нејзиното семејство се противело.
Рајху, инаку работник во челичана од сиромашниот дел на Лахоре, моментално се наоѓа во притвор и вели дека неговата сестра се заколнала пред Куранот дека никогаш нема да се омажи за споменатиот човек.

-Ѝ кажав да не го прави тоа, бидејќи нема да може да излезе пред очите на соседите, родителите и пријателите, но не ме послуша. Не можев тоа да го дозволам- рекол Рајху.
Пакистанецот наведува дека не можел да престане да размислува за сестрата која го издала ветувањето и дека немал избор освен да ја убие.

-Константно размислував за тоа. Не можев тоа да го преболам. Ја донесов таа одлука, многу тешка, и ја убив сестра ми. Немаше врискање и плачење, само ја застрелав- рекол Рајху.

%d1%81%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0-2

Али Риза, колега на Мубин од работа, вели дека шегите поради неговата сестра на работа траеле со седмици.

Ни велеше: -Доколку не престанете да се шегувате, ќе се убијам. Престанете. Колегите секогаш му велеле дека е подобро да ја убие својата сестра отколку себе- рекол Али Риза.

Рајху набрзо купил пиштол и ја убил својата сестра, пишува Daily Mail

Таткото на Таслим вели дека неговата ќерка е виновна за сè.
-Моето семејство е уништено. Сè е уништено поради нејзиното срамно однесување. Дури и по нејзината смрт, јас сум посрамотен- рекол таткото.

Бројот на “убиства од чест” минатите години во Пакистан е во пораст.
Според податоците на Комисијата за човекови права од Пакистан, 1.184 луѓе биле убиени во 2015. година, што е многу повеќе во однос на 869 кои настрадале во 2013.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top