Кој пее зло не мисли, а Сер Алекс Фергусон почна и да се забавува во самиот финиш на тренерската кариера. Еден од најдобрите менаџери во историјата на фудбалот, учествуваше на караоке шоу и според видеото што излезе на Ју-Тјуб, одлично се забавува.
Денеска Фергусон ќе се прости од навивачите во Манчестер, на дуелот на Јунајтед против Свонси. Официјалното збогум ќе биде во Бирмингем, во последното коло за една недела, против Вест Бромвич Албион. Ферги како што го нарекуваат на Островот, по 27 години на клупата на Манчестер јунајтед, одлучи да се пензионира по завршувањето на оваа сезона. Со него клубот стаса до рекордната 20. титула во Премиерлигата, а заедно, Јунајтед и Фергусон освоија 13 шампионски трофеи во англиското првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


