| четврток, 6 декември 2018 |

Кога напаѓачот е несмасен, теренот е виновен што нема гол (видео)

Вилијан Рибеиро е сериозен  кандидат во изборот за фудбалска утка на годината, а промашувањето е неверојатно, иако и нерамниот терен помогна да се случи невозможното. Напаѓачот на бразилскиот клуб Кампиненсе, умешно го мина противничкиот голман и кога беше сам пред празната мрежа упати удар крај голот. Факт е дека теренот е нерамен, но Рибеиро можеше да бира каде сака да погоди. Стрелаше во „ридчето“ пред него, па топката го смени правецот и замина крај празниот гол. Ваква утка ретко се гледа….

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top