Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска со директорот на „Завод и музеј – Охрид“, Тања Паскали – Бунташеска извршија увид во градежните активности што се спроведуваат во рамки на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет.
Локалитетот Плаошник зафаќа простор од 31 илјада метри квадратни од кои, како што рече министерката Милевска, 27 илјади метри квадратни се целосно истражени.
– При археолошките истражувања откриени се над 65 илјади предмети од метал, керамика, стакло, коска, камен, со потекло од 6 век пред наша ера се до 19 век, од времето на Османлиската империја. Сите пронајдени реликти се заведени во инвентарна книга, конзервирани и спремни за презентација, појасни министерката Милевска.
Директорката Бунташеска од своја страна истакна дека археолошките истражувања на локалитетот од 1999 година што траат до денеска, биле вметнати како основа во проектот за возобонување на Светиклимемнтовиот универзитет.
– Истражувањата за односните 27 илјади метри квадратни се спроведени до кота на карпа односно стерилна земја, што подразбира дека нема простор за идни истражувања. Таа површина е целосно истражена, со откривање на сите градбени фази присутни на локалитетот. Цртежите од градбите беа основа во изработката на проектната програма, со особено внимание посветено на зачувувањето и конзервација на тие градби, истакна Бунташеска.
Во врска со обвинувањата за бетонирање на просторот, таа истакна дека одговорно тврди оти целата археологија регистрирана на просторот на Плаошник е конзервирана и презентирана во просторот.
– И самиот начин на темелење одбран за градежните зафати е со темели-самци или темелни бунари, со единствена цел да се запазат и презентираат аргхеолошките остатоци. Не постои бетонска темелна плоча, сите археолошки градби ќе бидат видливи во рамки на објектите на Универзитетот, презентирани во внатрешноста на просторот на музејот, на библиотеката, центарот за хуманистички науки, манастирскиот конак, рече Бунташеска.
Таа изрази задоволство од спроведената динамика на градежните активности околу изградбата на Светиклиментовниот универзитетски комплекс, со уверување дека целиот проект до крајот на 2018 година ќе биде целосно функционален, не само со завршени објекти туку и со финално уредување на партерот каде се наоѓаат самите археолошки остатоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Финансиската полиција поднесе кривична пријава за Паско Кузман за градбите на Плаошник
-
Интензивно се одвиваат градежните работи на Светиклиментовиот Универзитет во Плаошник
-
Албанскиот театар добива комплетно нов лик – Реконструкцијата завршува до крајот на годинава
-
Груевски и Канческа- Милевска извршија увид во градежните работи за обнова на Светиклиментовиот универзитет