| четврток, 6 декември 2018 |

Интензивно се одвиваат градежните работи на Светиклиментовиот Универзитет во Плаошник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со министерката за култура Елизабета Канческа Милевска го посетија универзитетот „Свети Климент“ на Плаошник и извршија увид во градежните работи за обнова на Светиклиментовиот универзитет, како и увид во реконструкцијата на бедемот на Самиоловата тврдина при последната посета на Груевски на Охрид.

На локалитетот „Плаошник“ на површина од 17 илјади метри квадратни се гради Светиклиментовиот универзитет, инвестиција од околу 30 милиони евра. Со изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Охрид, ќе му се даде нова духовна и туристичка димензија.

Проектот опфаќа библиотека, конгресен центар, македонски институт за хуманистички науки, музеј на Плаошник, манастирски конак и резиденцијален објект на Македонската православна црква.Според проценките, до 2018 година, ќе се реализираат градежните работи на фасадите на сите објекти, градежни и градежно-занаетчиски работи од втора фаза, како и водовод и канализација, електрични и машински инсталации, внатрешно уредување, изведување на партерно уредување на комплексот и поставување на споменик на Св.Климент.

Груевски и министерката Канческа- Милевска од директорката на Завод и музеј Охрид, Тања Паскали беа информирани дека оваа година се планира целосно да бидат завршени археолошките истражувања, при што пронајден е богат корпус на артефакти, а паралелно се врши и нивна конзервација.

Паскали посочи дека во моментот течат градежните работи на фасадата на Резиденцијата на Македонската православна црква и на Богословскиот факултет, кој ќе се состои од три ламели.

– Треба да ги завршивме археолошките истражувања со што Плаошник ќе биде целосно археолошки истражен. Се надевам дека до крајот на годината фазата карабина ќе биде комплетно завршена и ќе се отпочне со обработка на фасадите. Остануваат уште проектите за партерно и енетериерно уредување кои ќе бидат изработени согласно автентичните археолошки традиции, додаде таа.

Според Груевски ова е капитален проект и за туризмот, но и за духовниот туризам во Охрид.

По целосно завршување на изградбата на сите објектите од овој проект археолошките артефакти ќе бидат изложени и презентирани на посетителите заедно со мозаиците.

Комплексот Климентов универзитет е измислен како мултимедијален, високообразовен наставно-научен центар во кој ќе бидат смесени Свети Климентовата книжевна академија и Македонскиот институт за хуманистички науки со мисија да обезбедува контиунуирано проучување на цивилизациите, културите и религите кои постоеле на овие простори во минатото.

Истовремено се заврши и реконструкцијата на бедемот на самиоловата тврдина каде речиси од темели се изгради на источната страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top