Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска го посетија универзитетот „Свети Климент“ на Плаошник и извршија увид во градежните работи за обнова на Светиклиментовиот универзитет.
На локалитетот „Плаошник“ на површина од 17 илјади метри квадратни се гради Светиклиментовиот универзитет, инвестиција од околу 30 милиони евра.
Со изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Охрид, ќе му се даде нова духовна и туристичка димензија. Проектот опфаќа: библиотека, конгресен центар, македонски институт за хуманистички науки, музеј на Плаошник, манастирски конак и резиденцијален објект на Македонската православна црква.
Според проценките, до 2018 година, ќе се реализираат градежните работи на фасадите на сите објекти, градежни и градежно-занаетчиски работи од втора фаза, како и водовод и канализација, електрични и машински инсталации, внатрешно уредување, изведување на партерно уредување на комплексот и поставување на споменик на Св.Климент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии