| четврток, 6 декември 2018 |

Жолтица ги зафати фудбалерите на Реал и на Еспањол (видео)

Вистинска жолтица ги зафати фудбалерите на Еспањол и Реал, но оваа, на синоќешниот меч меѓу ривалите од Барселона и од Мадрид не е опасна по здравјето. Се работи за „еден куп“ жолти картони, што судијата Игнасио Иглесијас Вилануева ги делеше на двете страни. Еден повеќе, или точно 6 заработија гостите од Мадрид, а со острите стартови не им останаа должни ниту играчите на Еспањол, кои добија 5 опомени и едно исклучување. Крајот на натпреварот кој заврши со резултат 1-1, не го дочека халфот на домаќините Виктор Санчес. Тој доби црвен картон во 90. минута. Еспањол поведе со 1-0 со голот на Кристијан Стуани во 23. минута, а израмни Гонзало Игуаин во 58. минута. Овој резултат најмногу и одговара на Барселона, екипа која стана шампион на Шпанија со недостижни 88 бода, 7 повеќе од вечниот ривал Реал. Каталонците денеска играат со Атлетико Мадрид на гостински терен, а имаат 7 позитива и два натпревари помалку од Реал, кој го одигра 36. натпревар во Примера. Шампионатот на Шпанија се игра во 38 рунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top