Играчот од средината на теренот на Јувентус, Клаудио Маркизио откри кога се враќа на терените, односно кога ќе му се стави на располагање на тренерот Масимилијано Алегри.
Тој во април заработи потешка повреда на коленото поради која го пропушти и Европското првенство во Франција, но рехабилитацијата е веќе при крај и тој се надева оти ќе биде во конкуренција за настап по интернационланата пауза.
– Добро сум, поминаа повеќе од две недели откако тренирам со екипата. По паузата се надевам ќе бидам на располагање. Во овие шест месеци имаше навистина тешки моменти. Да се гледа ЕП од дома не беше лесно, јас сум горд на моите соиграчи. Многу шампиони пристигнаа во Јувентус, а новајлиите се искусни и добро си ја вршат работата. Подобро ја започнавме оваа сезона од лани и закрепнавме од првата „грешка“ во Лигата на шампионите, изјавил Маркизио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.