Основачот на Викиликс Џулијан Асанж објави дека документите за американските избори ќе ги објави пред самите избори на 8 ноември.
Во текот на летото Викиликс објави околу 20.000 мејлови на Националниот комитет на демократите, кои покажуваат дека Клинтонова работела против кампањата на Берни Сандерс.
Вчера Асанж го откажа десеттото обраќање од балконот на Амбасадата на Еквадор во Лондон поради „сигурносни причини“. Во понеделникот тој објави дека Клинтон барала додека била државен секретар да се организира напад на Џулијан Асанж со дрон. Таа била под притисок да го замолчи Асанж откако објавил доверливи дипломатски податоци.
-Можеме ли да го нападнеме Асанж со дрон, прашува Хилари.
Во времето на претседателствувањето на нејзиниот сопруг, НАТО ја бомбардира СР Југославија 72 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.