| четврток, 6 декември 2018 |

Емигранти протестираат во Белград

Стотина емигранти протестираат во главниот град на Србија, Белград, кај автобуската станица, а бараат да се отвори границата кон Унгарија.

Голема група емигранти оди пешки по коловозот, јавува српски „Блиц“, а на протестот му претходела голема кавга која се случила во паркот спроти автобуската станица. Една група емигранти прво вербално, а потоа и физички нападнала друга група емигранти кои не сакале да протестираат, но и работници во Инфопаркот.

Од Инфопаркот велат дека нема повредени, но дека еден човек е со модринки откако бил туркан меѓу групите емигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top