| четврток, 6 декември 2018 |

Слушав како ми пукаат коските: Го нападнала мајка која си ги бранела младенчињата

14572967_10210413719248659_1756864046985445526_n

Човекот кој преживеа напад од мечка на Фејсбук детаљно опишува како изгледала неговата блиска средба со дивото животно. Тод Ор од Монтана во саботата утрото излегол на прошетка во шумата.

-На половина минута се вртев и внимавав да не намине некоја мечка“, вели Ор, кој е добар познавач на шумите, а кого опасното гризли успеало да го начека во момент на невнимание.

-Беше женка, која си ги брани младенчињата, но за жал се реши да нападне.

Ор имал солзавец за одбрана, но не помогнал многу.

-Легнав на земја и се завртев со лицето кон земјата. Гризлито беше врз мене, ме гризеше за рацете, рамењата, грбот. Ќе гризе неколку секунди, па ќе запре, па повторно ќе продолжи. Траеше кратко, но мене ми изгледаше како цела вечност.

 

Тод подробно опишува како изгледа да те гризне мечка:

-Како да те тепа некој со стап, а на стапот заби.

Неговиот автомобил бил оддалечен на околу 5 км од местото на настанот, успеал да стигне, но се плашел да не искрвави, зашто раните изгледале грозно.

Но, овде не е крајот на маките на Тод. По десетина минути пешачење, ете ја мечката повторно пред него.

-Повторно ме нападна, почна да ми ги гризе рацете, рамената, слушав како ми пукаат коските. Раката ми утрна, а зглобовите на прстите ми беа неупотребливи. Крв ми се слеваше низ лицето. Не се помрднував и се надевав дека ова е крај.

За среќа, мечката одеднаш запрела.

-Ме гледаше околу половина минута и си замина.

Тод ги направил снимките пред да седне во автомобил.

Го крпеле повеќе од 8 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top