| четврток, 6 декември 2018 |

Џиновски печурки во Поречието – тројца ги корнеле и ги сечеле со моторна пила (ФОТО)

Жител на село Косово, во два дена, на две различни локации, пронајде џиновски печурки со досега невидени димензии и тешки над 15 килограми, секоја поединечно, јавува дописникот на Нова Македонија.

– Како и секоја година така и годинава, редовно собирам печурки во околината на моето село. Но, за разлика од претходните години, годинава ми се случи нешто специјално, а тоа се огромните печурки кои ги пронајдов на две локации над селото, на околу три километри одалеченост од мојот дом. Прво кога ги забележав овие огромни примероци, не можев да им верувам на своите очи. Бидејќи едната печурка имаше над 60 сантиметри широк корен, морав да се вратам во селото да ја земам моторната пила за да ја пресечам печурката, додека другиот примерок , дури тројца го корневме додека го откорнавме. И наместо со полна торба печурки, јас во двата наврати се вратив дома со по една џиновска печурка, која вредеше многу повеќе. Кога ги донесов овие примероци дома, кај мене се собраа сите соседи да видат печурки, какви што во животот не стретнале – ни ги пренесе своите впечатоци Зоре Силјаноски од село Косово.

фото: Нова Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top