| четврток, 6 декември 2018 |

Точно 31 година по несреќата во Чернобил: Пронајдени радиоактивни диви свињи

Во шумите во Чешка била пронајдени радиоактивни диви свињи 31 година по несреќата во Чернобил, соопштија ветеринарните власти.

Според нив, свињите јаделе печурки кои можат да апсорбираат високо ниво на радиоактивни изотопи.

– Животните станале радиоактивни како последица на лажните тартуфи, подземни печурки со кои тие се хранат – изјави Јиржи Драпал од чешката државна ветеринарна управа.

Најмалку 614 диви свињи биле прегледани од 2014 до 2016 година, а 47 проценти од нив биле радиоактивни.

Катастрофата во Чернобил се случи на 26 април 1986 година, во реакторот број 4 на нуклеарната централа во Чернобил во Украина, која тогаш беше дел од Советскиот Сојуз. Како резултат на експлозијата и пожарот, огромен радиоактивен облак почна да се шири во атмосферата, опфаќајќи илјадници милји територија на Советскиот Сојуз и на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top