Роби Вилијамс никогаш не го криел неговто бурно минато одбележано со алкохол и дрога, а неодамна на новинарите им споделил една ситација која му се случила во куќата на Боно Вокс. На прес конференција во Даблин тој бил запрашан за неговиот омилен спомен од градот, а тој изјавил дека еден смешен момент на кој се сеќава го доживеал во својата пхиходелична фаза.
– Стигнав кај Боно дома и бев сосема нормален. Таму земав неколку печурки и изгубив поим за време. Не знам колку часа поминаа кога си помислив дека гледам во најубавата слика во светот. Кога Боно дојде до мене му реков – Знаеш ли дека ја имаш најубавата слика на целиот свет, а тој само ми одговори дека тоа е прозорецот… низ смеа раскажал Роби.
Тој додал дека периодот во животот во кој се борел со зависностите му е во бледо сеќавање.
– Како што знаете, долго се борев со пороците. Прв пат кокаин земав на свои 19 години и тогаш започна таа лоша епизода. Сега е најважно дека сум надвор од сите тие работи. Имам две деца и водам нормален живот, завршил Вилијамс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.