Во понеделник го читаме Латас, а овој понеделник во колумната „Двојазично“.
Десет недели пред изборите работите стојат вака:
1. Никој не е сосема сигурен дали избори на 11 декември воопшто ќе има.
2. Заев, за секој случај, свика конгрес со делегати што самиот персонално ги бирал за да не мора да има Конгрес на СДСМ по изборите, кога ќе се бара негова оставка. Најпосле, конечно ќе има гласање во кое Заев ќе победи под мото: Сите сме Заев!
3. Заев пред конгресот вети дека ќе распише тендер за подобар народ, овој не го бива, не ги разбира неговите идеи. Комисијата ќе биде составена од Најчевска, Геровски, Фрчковски, Стево Пендаровски и Бранко Тричковски. Тие имаат најмногу забелешки за овој народ кој со години го нарекуваат глуп, прост, неписмен, говеда, стока, будали, скапан… Граѓаните мора да се соочат со последиците од својот глас на изборите, кој згрешил мора да плати. Претседател на тендерската комисија, нормално, ќе биде Петре Шилегов.
4. Шекеринска ја нема никаде, време е за шопинг. Што пазарила ќе видиме на митинзите кои следат. Фразите пред камери и се исплакнати и бајати, но гардеробата е нова и скоцкана. Таа е стасана до оној момент кога може да каже било што без последици. Никој не ја слуша.
5. Шилегов бара од Заев да се продолжи со објавување на бомбите бидејќи двата стана што ги стекна и купи од првиот бомбашки турнус му ги проширија видиците. Како космополит, на него Македонија му е мала, па мора да се здоми и надвор, во странство.
Клучевите од становите на Шилегов, пошто ги има поприлично, имаат вградено ГПС-чип за да се снајде кој стан каде му е сместен. Дури и кога е трезен, се збунува.
6. Објавен последниот повик за прелетачите од партија во партија. Павле Трајанов е најактивен. Љубчо и Љубе се на стендбај. Нивното ВМРО-вско минато го менуваат за светла иднина со СДСМ, и заради заштеда ги дават ветувањата од минатите избори.
7. СЈО верува дека избори ќе има. Интензивно ги тресат штабовите, финансиерите и поддржувачите на ВМРО од јавниот живот, и им нудат статус на сведок ако ја сменат страната. Ако притоа и ги истресат џебовите кај Вице, ќе бидат заштитени сведоци.
8. Телма и сестринските и медиуми собрани под Чадорот бараат нови три милиони евра од дипломатски извори. Овие три примени досега не им стасале ни за хонорари. Дипломатите се најдоа во небрано, нашиве домашни одработувачи трошат повеќе отколку што по глава на жител дипломатите потрошиле во Украина.
9. Заев им вети на пензионерите поголеми пензии и од овие на Груевски, само да се стрпат барем 20-ина години додека му тргне, после ќе има за сите. Вице собира кеш за пензиите, и резултатите од акцијата му се за респект.
10. Шарените анархисти со финансиска помош од дипломатите и Сорос организраат научен семинар, меѓународен, на кој ќе се утврди дека има разлики помеѓу нив, СЈО и СДСМ. Задачата е тешка но, наследниците на Ванхојте знаат што и како треба.
11. Тим странски експерти ќе дизајнира, а СДСМ предизборно ќе најави, цевковод за мед и млеко од Брисел до Македонија. Цевководот за мед и млеко свечено ќе биде отворен штом Заев стане премиер. Иако Заев се мисли дали да ја прифати премиерската функција, затоа што оваа што ја има има поголеми капацитети за профит. Познато е дека Заев не го интересира слава и пари. Само пари.
Отворањето на цевководот за мед и млеко Брисел-Македонија во присуство на СЈО, Џорџ Сорос и еминентни амбасадори ќе биде пренесувано на Телма, Ред Тјуб и Јупорн, како пример на политика соголена до коска.
Отприлика, тоа се забележаните појави на десет недели пред изборите. Секако, секој од вас има заебележано уште по нешто, па на списоков допишете и нешто свое.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.