Кратко по свадбата, оваа брачна двојка останала шокирана од ненадејното откритие. Имено, откако 68-годишниот Американец од Флорида се оженил со 44 години полмада девојка, не ни можел да претпостави дека се заколнал на вечна љубов со неговата внука.
Само три месеци по свадбата, тие листале стар албум со фотографии. Во него, меѓу останатите фотографии, биле и оние од неговите деца од првиот брак, со кои мажот долго време не бил во контакт. Младата невеста го препознала својот татко, кој всушност бил најстариот син на нејзиниот сопруг, пишува „Флорида сан пост“
– Кога го видов татко ми во тој фотоалбум, бев очајна – рекла таа.
Вториот брак на мажот завршил со развод и многу финансиски несогласувања во 2009 година, но две години подоцна освоил неколку милиони долари на лотарија. Невестата, пак, се оддалечила од своите родители и семејството откако затруднела како тинејџерка, а подоцна работела како егзотична танчерка во Џексонвил, каде се запознале преку страница за спојување на самци.
– Се чувствував необично кога ги видов нејзините фотографии на тој сајт. Како да доживеав дежаву, но не ни можев да претпоставам зошто ми изгледа толку познато – изјавил мажот за американските медиуми.
Ни на едниот ни на другиот, развод не им паѓа на памет.
– Ако никогаш не дознаевме, ќе живеевме среќно до крајот на животот. Никој не може да ја промени нашата поврзаност – велат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
И принцезата Дајана ќе биде дел од венчавката: Еве како Хари ќе ја донесе мајка му на свадбата
-
На свадбата на принцот Хари ќе настапи оперската пејачка Елин Манахан Томас што пееше пред 15 години во дворот на „Свети Пантелејмон“