Македонија јавно ги осуди сторителите на ова грозоморно дело, но одредени судии, наспроти нивните заклетви, застанаа во одбрана на сторители на грозоморен чин, а не на жртви. Тие отпочнуваат постапка на иницијатива на 5 осуденици за сексуална злоупотреба врз деца и педофилија. Законот се спремни да го кројат по барање на осуденици кои силувале деца. Овие судии можно е да избришат членови од Законот кој го впери прстот кон осудените педофили?
Истражувањата покажаа кои судии и зошто гласаа за покренување на оваа постапка.
-Бранко Наумовски, претседател на Уставен суд. Тој е татко на кандидатот за градоначалник на последните локални избори за општината Ѓорче Петров од редовите на СДСМ. Наумовски важи за близок човек до претседателот на опозицијата Бранко Црвенковски.
-Наташа Габер. Наташа Габер-Дамјановска во 2008 година беше предлогот од Бранко Црвенковски за член на Уставниот суд. Таа беше избрана за судија на предлог на Црвенковски, додека тој беше претседател на Македонија. Габер учествувала во изработка на национални стратегии и програми, како и во подготовка на многу закони.
-Гзиме Старова. И таа е избрана за судија на предлог на Бранко Црвенковски, додека тој беше претседател на Р.М.
-Исмаил Дарлишта. Овој судија е човек близок до неговите колеги со кои заедно ги оспоруваат ваквите закони. Беше и министер за правда.
-Сали Мурати. Предметот беше на овој судија. Тој е близок до Кенан Хасипи. Беше член и на пописната комисија.
Идејата е грозоморна. Целта застрашувачка. Кој ги става политичките интереси пред државната грижа за децата?
За дел од истите овие судии, ваквото дејствување не е ништо ново. Работењето на закони кои и штетат на цела држава, а особено на децата, беше предмет на нивна работа и во минатото. Така, дел од горенаведените судии, гласаа за укинување на паричниот надоместок за четврто дете. Зададоа удар кон голем број на семејства и кон интересите на цела држава. Не дозволија родителите од сиромашните семејства и општини со низок наталитет, да добијат помош од државата за чување на дете.
Психолозите се запрепастени од ваквата одлука. Експертите кои работат со деца, со неверување гледаат на ваквата одлука на судиите.
Мирослав Пендаровски, доцент доктор, претседател на здружението „Големи и мали“ кое работи на психосоцијална поддршка на деца и млади вели:
-Регистерот треба да постои поради тоа што со законот се подига општествената свест за оваа социо-патолошка појава, една од најтешките, бидејќи се работи за полов напад врз деца. Овој закон апсолутно не смее да се тргне затоа што тој помага во подигнувањето на граѓанската свест, особено на родителите, но и на децата и на младите како идни потенцијални жртви на сторители на такви дела. Законот освен поголема свест создава и поголема одговорност на сите чинители во општеството за континуирано следење на појавите и создава свест дека таа појава која до вчера сме мислеле дека е само дел од светот, всушност е и дел од нас. Ваквата свест овозможува и поквалитетен живот за децата-да бидат побезбедни, да растат во една средина во која ќе има поголема свест и грижа. Ова се само дел од аспектите кои се добиваат од овој закон. Понатаму, се приоѓа многу постручно, научно и длабински на проблематиката, се следат тековите и индиректно се делува и врз потенцијалните сторители, подигнувајќи ја и нивната морална свест и одговорност, истакна Пендаровски за Курир.
По одлуката на овие судии, шок изрази и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. Тојнагласи дека е шокиран од одлуката Уставниот суд да ја прифати иницијативата на петмина сторители на ваков тип кривично дело, со образложение дека со овој Закон се нарушува нивниот личен интегритет и интегритетот на нивните семејства.
-Шокиран бев прво од тоа што е прифатена иницијативата на петте педофили кои што се на издржување на казна затвор во тетовскиот затвор врз основа на сторено кривично дело „педофилија и сексуално злоупотреба на деца“. Исто така шокиран сум заради тоа што се говори за личен и семеен интегритет на лица сторители на сексуална злоупотреба и дедофилија. Па за каков личен или семеен интегритет говориме на лица коишто посегнале по злоупотреба на малолетни деца, а уште пострашно е за каков семеен интегритет или за чив личен и семеен интегритет говориме кога дел од сторителите се сторители на сексуална злоупотреба, односно се педофили коишто извршиле сексуална злоупотреба или обљуба на своите биолошки родени деца, рече министерот.
Тој повика да преовладува свеста и разумот. Токму тоа го очекува од овие судии и целата јавност.
Мислејќи на семејствата на педофилите, овие судии ги заборавија жртвите и родителите на силуваните деца.
Овој Закон беше усвоен со апсолутно мнозинство, едногласно од страна на сите претставници во Парламентот на Република Македонија. Родителите и јавноста го прифатија законот веднаш, а за неговата уставност не реагираа ниту претставниците на експертската јавност, ниту невладините организации. Само 5 судии.
Извор: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
СМК поднесе инцијатива до Уставен суд за поништување на одлуката за референдум
-
СП 2018: Познати судиите за полуфиналните дуели на Мундијалот 2018


