Очекувањата дека Шарената револуција ќе прерасне во политичка партија се нереални од едноставни причини што Шарената револуција е организирана и ја води Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, па од тие причини не може да прерасне во политичка сила, истакна Јакимовски при своето гостување во емисијата „Око“ на фреквенцијата на Телевизија Нова.
Во вчерашното издание на емисијата „Око“ на Горан Петревски во фокусот се претстојните избори закажани за 11 декември. Гости оваа недела беа Стевче Јакимовски, лидерот на ГРОМ и Иван Величковски, лидерот на Либералната партија.
Емисијата „Око“ на Горан Петревски се емитува премиерно секоја недела во 14 часот на фреквенцијата на ТВ Нова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.