| четврток, 6 декември 2018 |

Трик кој нема ништо да ве чини, а вреди злато: Како да ги отстраните темните кругови околу очите

Даршика Пател од Нови Зеланд објавила видео на кое ќе и бидат благодарни сите оние кои сакаат да остануваат будни до доцна во ноќта и оние кои никако не можат да се наспијат.

podocnjaci-660x330

Имено,Пател во видеото појаснила како можете да се решите од подочниците користејќи само сода бикарбона и вода.

Се што ви е потребно се неколку капки вода и малку сода бикарбона за да направите микс сличен на паста.

Потоа ја нанесувате пастата под очите на несаканите темни кругови со лажичка, но внимавајте да не ставате преблиску до очите. Оставете ја смесата да се осуши од прилика пет до 10 минути и потоа отстранете ја со влажна крпа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top