Во Друштвото на писателите на Македонија, на 5 октомври (среда), во 12 часот, ќе се одржи промоцијата на поетската книга „Човечки тишини“ од Борче Панов. За книгата ќе зборува македонскиот еминентен поет, литературен критичар, препејувач и издавач, Бранко Цветковски.
Промоцијата на книгата „Човечки тишини“ од Борче Панов ќе биде првиот настан од одбележувањето на 25 години од работата и постоењето на издавачката куќа „Матица македонска“. На почетокот на промоцијата Серафина Фантаузо ќе настапи со две песни, додека стиховите од поетската збирка ќе ги интерпретира Александра Велинова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија