Астрoномот Игор Џајковиќ тврди дека над Подгорица се појавило НЛО. Тој е сигурен дека не се работи за цврсто тело и дека ниедно небеско тело не може да предизвика ваква појава. Завчера вечерта над Подгорица околу 21 часот е забележана необична светлечка појава со портокалова боја. За светлечкото тело кое околу две минути нагло го менувало обликот и големината, правецот и брзината на движење блескајќи многу силно, експертите за астрономија и метеорологиjа немаат објаснување.
-Од позиција на мојата професија одговорно можам да тврдам дека ова не е астрономска појава. Има неправилно движење, а ниедно астрономско тело на небото не може да има вакво движење. Ни метеорот нема такво движење, а кога ќе тргне, тој не може понатаму така да менува правец – тврди Џајковиќ.
Тој додава дека над Шведска со години се случува појава слична на онаа која завчера за случила во главниот црногорски град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.