| четврток, 6 декември 2018 |

Со договорот Косово се дели на албански и српски дел

kosovoСо Бриселскиот договор, Србија не ја признава независност на Косово, а Косово практично се дели на албански и српски дел, пишува Њујорк Тајмс.

Професорот од Колумбија унивезитетот, Дејвид Филипс, вели дека Србија со овој договорот ќе продолжи да има улога на заштитнички интерес за Србите на северот на Косово.

– Со тоа, Косово се дели на албански и српски дел – пишува Филипс.

Професорот смета дека на тој начин се потврдува насилната националистичка агенда на Слободан Милошевиќ во Србија. Според него, Бриселскиот договор ги храбри аспирациите на Албанците од Косово, Албанија, Македонија и Црна Гора, кои сакаат „Голема Албанија“ и нема да го помири српскиот и албанскиот народ, ниту пак ќе помогне во европските интеграции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top