| четврток, 6 декември 2018 |

Летал осум години како лажен пилот

Американецот Мајкл Феј осум месеци работел како пилот на либиската чартер компанија „Африк Ервејз“. Превезувал туристи кон и од лондонскиот аеродром Гетвик. Но не бил пилот по професија. Се доселил во англиската област Хемпшајар и се обезбедил со лажна пилотска дозвола и со медицински сертификат дека е здравствено способен да биде пилот и да управува со патнички авион. Се вработил во либиската чартер авио-компанија.

Лажниот пилот сега е во бегство, а британската полиција претпоставува дека е некаде во странство, каде веројатно бара нова работа како пилот или како летачки инструктор. Британските власти го бараат за да му судат за измама, за поседување лажни документи и за загрозување на безбедноста во воздушниот сообраќај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top