| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Смугреска: Имунитетот кај децата се подобрува природно

Де­нес по­сто­јат мно­гу пре­па­ра­ти за по­до­бру­ва­ње на иму­ни­те­тот кај де­ца­та. Ро­ди­те­ли­те да­ва­ат мно­гу па­ри, а ефе­ктот е ре­чи­си ну­ла. Ако де­те­то се хра­ни не­пра­вил­но, пре­ку хра­на од тег­лич­ки, бр­за хра­на, зго­тве­на на­бр­зи­на, то­гаш не мо­же да соз­да­де иму­ни­тет, ве­ли д-р Сму­гре­ска

Иму­ни­те­тот кај де­ца­та нај­до­бро се по­до­бру­ва на при­род­на ос­но­ва иа­ко де­нес има мо­ре од суп­ле­мен­ти што го по­до­бру­ва­ат иму­ни­те­тот. По­треб­но е да се ја­де до­маш­на, при­го­тве­на хра­на, по­че­сто да се пре­сто­ју­ва на свеж воз­дух, а по­треб­на е и фи­зич­ка актив­ност. До­ктор Свет­ла­на Сму­гре­ска, спе­ци­ја­лист пе­ди­ја­тар и спе­ци­ја­лист по се­меј­на ме­ди­ци­на, пре­по­ра­чу­ва да се ко­ри­сти чи­сто­то ри­би­но мас­ло кое ги со­др­жи ви­та­ми­ни­те А и Д, по­тоа оби­чен ви­та­мин Ц (ако де­ца­та не пи­јат це­де­ни со­ко­ви) и Б-комп­лекс. Тоа е комп­лекс на Б-ви­та­ми­ни кои се важ­ни за рас­тот и за раз­во­јот на де­те­то. Б-комп­лекс се да­ва три не­де­ли.

 

По­стои ли тра­ен иму­ни­тет и ако по­стои, ка­ко се стек­ну­ва?

СМУГ­РЕ­СКА: Се ра­бо­ти за два ви­да иму­ни­тет. Ед­ни­от е ху­мо­ра­лен иму­ни­тет, а вто­ри­от е кле­то­чен. Ху­мо­рал­ни­от е пер­и­о­ди­чен иму­ни­тет кој де­ца­та го стек­ну­ва­ат во кон­такт со ин­фек­ци­ја, а кле­точ­ни­от е та­ка­на­ре­че­ни­от тра­ен иму­ни­тет. Ко­га се до­би­ва трај­ни­от иму­ни­тет? Ко­га де­те­то ќе пре­ле­жи ва­ри­че­ла, мор­би­ли. Отка­ко ќе ја до­бие, те­ло­то или кле­тка­та ја пам­ти таа ин­фек­ци­ја до кра­јот на жи­во­тот. Та­кви­те ин­фек­ции се мно­гу ре­тки, ре­чи­си ги не­ма бла­го­да­реј­ќи на вак­ци­ни­те, та­ка што тра­ен иму­ни­тет има­ат са­мо тие што пре­ле­жу­ва­ат не­ко­ја за­раз­на бо­лест ко­ја да­ва тра­ен од­го­вор со ан­ти­те­ла. Ху­мо­рал­ни­от иму­ни­тет, чи­и­што ан­ти­те­ла се пре­не­су­ва­ат пре­ку крв­ни­те са­до­ви, нај­че­сто се ја­ву­ва во те­кот на ин­фек­ци­ја­та, ка­ко таа нав­ле­гу­ва во дет­ско­то те­ло, тој сѐ по­ве­ќе рас­те под дејс­тво на ан­ти­ген би­деј­ќи се­ко­ја ин­фек­ци­ја е ан­ти­ген­ска ре­ак­ци­ја. Се соз­да­ва­ат мно­гу ан­ти­те­ла кои цир­ку­ли­ра­ат низ це­ло­то те­ло и по­тоа за кра­тко вре­ме де­те­то го стек­ну­ва тој иму­ни­тет. По­тоа, мо­же­би два-три ме­се­ци ќе би­де за­шти­те­но од иста­та ви­ро­за или ба­кте­ри­ја.

 

Со по­че­то­кот на школ­ска­та го­ди­на ин­фек­ци­и­те и ви­ру­си­те поч­ну­ва­ат по­ве­ќе да се раз­ви­ва­ат. Ле­ка­ри­те ве­лат де­ка три ин­фек­ции на гор­ни­те диш­ни па­ти­шта се нор­мал­ни кај де­ца­та во те­кот на го­ди­на­та. Но, што да се на­пра­ви ако тие се по­вто­ру­ва­ат че­сто?

СМУГ­РЕ­СКА: Де­нес на­чи­нот на жи­ве­е­ње е по­раз­ли­чен од ми­на­то­то. Де­ца­та, за жал, рас­тат со ед­но­лич­на хра­на, се хра­нат со бр­за хра­на, ро­ди­те­лот е по­дол­го вре­ме отсу­тен од до­ма. На­ме­сто 6-7 ча­са во гра­дин­ка, де­ца­та оста­ну­ва­ат по­ве­ќе вре­ме, та­ка што по­го­ле­ми­от дел од де­нот тие се во за­тво­рен про­стор. Зна­е­ме де­ка има по­ве­ќе де­ца во ед­на гру­па и до­вол­но е са­мо ед­но да е но­си­тел на ви­рус или ба­кте­ри­ја и це­ла­та гру­па да се раз­бо­ли. И то­гаш проб­ле­мот се по­вто­ру­ва. До­де­ка ед­но де­те да се из­ле­ку­ва и да се вра­ти во гру­па­та, дру­го де­те се раз­бо­ле­ло. Мож­но е исти­от ви­рус или ба­кте­ри­ја да кру­жи два-три ме­се­ци, ка­ко еден за­тво­рен круг.

 

Ка­ко да се за­шти­тат де­ца­та?

СМУГ­РЕ­СКА: Се­ко­гаш апе­ли­рам да се на­пра­ви ана­ли­за на при­ме­рок од слуз пред за­ми­ну­ва­ње­то на де­те­то во гра­дин­ка. По­сто­јат до­бри ба­кте­рии, ка­ко што се ста­фи­ло­ко­ка ау­ре­ус, мо­ра­ксе­ла или брон­ха­ме­ла ка­та­ра­лис. Тие го шти­тат здрав­је­то на де­те­то од ло­ши­те ба­кте­рии. Но, ако се нај­де стреп­то­ко­ка пнев­мо­ни­ја или стреп­то­ко­ка пи­о­ге­на, ко­ја пре­теж­но жи­вее во гр­ло­то, то­гаш тре­ба да се от­стра­ни од гру­па­та и да се ле­ку­ва. Ко­га де­те­то ќе се из­ле­ку­ва, то­гаш да се вра­ти во гра­дин­ка. Но, по­жел­но е, ако ги има овие па­то­ге­ни ба­кте­рии, да се на­пра­ви ми­кро­би­о­ло­шко те­сти­ра­ње во таа гру­па, да се нај­дат дру­ги­те но­си­те­ли на иста­та ба­кте­ри­ја за да се пре­ки­не тој за­тво­рен круг.

dr-svetlana-smugreska-sas_9143-custom

Де­нес на­чи­нот на жи­ве­е­ње е по­раз­ли­чен од ми­на­то­то. Де­ца­та, за жал, рас­тат со ед­но­лич­на хра­на, се хра­нат со бр­за хра­на, ро­ди­те­лот е по­дол­го вре­ме отсу­тен од до­ма.

 

Не­кои де­ца ка­ко да прив­ле­ку­ва­ат ин­фек­ции и ба­кте­рии. Зо­што е тоа та­ка?

СМУГ­РЕ­СКА: Де­те­то го соз­да­ва иму­ни­те­тот уште од ра­ѓа­ње, па до че­твр­та­та го­ди­на. На по­че­то­кот де­ца­та не­ма­ат во­оп­што иму­ни­тет. Ка­ко се по­ја­ву­ва пр­ви­от ви­рус или ба­кте­ри­ја, та­ка се соз­да­ва иму­ни­те­тот. Но, не­кои де­ца, по­себ­но тие со иск­лу­чи­тел­но бел тен, со си­ни, свет­ли очи, зла­то­ко­си, скло­ни кон ане­ми­ја, че­сто се маг­нет за ин­фек­ции. Но, мо­же и не­кое де­те со мал­ку по­те­мен тен че­сто да е бол­но. Ту­ка има и дру­ги фа­кто­ри на ри­зик, ка­ко што се сре­ди­на­та ка­де што жи­вее, по­ја­ва­та на вла­га во про­сто­ри­ја­та ка­де што пре­сто­ју­ва, мо­же­би во се­мејс­тво­то има пу­ша­чи. Се­во ова мо­же да вли­јае на на­ма­лен иму­ни­тет или, пак, да има алер­ги­ска ко­ег­зи­стен­ци­ја ко­ја до­ве­ду­ва до по­ја­ва на ви­рус­ни и ба­кте­ри­ски ин­фек­ции.

 

Ка­ко нај­до­бро се по­до­бру­ва иму­ни­те­тот кај де­ца­та?

СМУГ­РЕ­СКА: Иму­ни­те­тот кај де­ца­та нај­до­бро се по­до­бру­ва при­род­но. Де­нес по­сто­јат мно­гу пре­па­ра­ти. Ро­ди­те­ли­те да­ва­ат мно­гу па­ри, а ефе­ктот е ре­чи­си ну­ла. Ако де­те­то се хра­ни не­пра­вил­но, пре­ку хра­на од тег­лич­ки, бр­за хра­на, зго­тве­на на­бр­зи­на, то­гаш не мо­же да соз­да­де иму­ни­тет. Де­ца­та ре­тко има­ат то­пол оброк до­ма. Де­нес се­мејс­тво­то ре­тко се со­би­ра за­ед­но на ру­чек. Де­те­то учи да се хра­ни од сво­и­те ро­ди­те­ли. Ако тие не ја­дат, не го­тват, то­гаш и де­те­то не­ма да има афи­ни­тет кон до­маш­на, при­го­тве­на хра­на. Во ме­ни­то мо­ра да има ме­со, ри­ба, јај­ца, овош­је, зе­лен­чук.

 

Те­че­ње нос, сле­ва­ње слуз во дол­ни­те диш­ни па­ти­шта, отеж­на­то ди­ше­ње, брон­хи­тис, по­се­та на ле­ка­ри, ин­ха­ла­ции, ан­ти­би­о­ти­ци, па про­би­о­ти­ци, средс­тва за зго­ле­му­ва­ње на иму­ни­тет. И са­мо што заз­дра­ви­ло де­те­то, след­но­то оде­ње во гра­ди­на по­втор­но иста­та пес­на. Ка­де е гре­шка­та?

СМУГ­РЕ­СКА: До две го­ди­ни слу­зот од нос до брон­хот и брон­хи­о­ла­та е ист. Кај по­го­ле­ми­те че­сто има­ме мр­су­ла­ви де­ца. Тие де­ца дол­го вре­ме има­ат зе­лен се­крет од но­сот, ме­ѓу­тоа ни­ко­гаш ни­што не по­ка­жу­ва­ат ин­тен­зив­но на бе­ли­те дро­бо­ви. Нај­до­бро е де­те­то до две и пол или три го­ди­ни да не оди во гра­дин­ка. Да има до­маш­на не­га. Де­нес ре­тко се ко­ри­стат ба­би­те, по­ра­но ба­би­те ги чу­ваа вну­чи­ња­та. Де­нес де­ца­та за­ми­ну­ва­ат во гра­дин­ка на осум-де­вет ме­се­ци.

 

Се­ко­ја го­ди­на се фор­си­ра не­кој нов суп­ле­мент за по­до­бру­ва­ње на иму­ни­те­тот кај де­ца­та. Кол­ку е до­бро да се ко­ри­стат тие и кој сѐ смее да ги упо­тре­бу­ва ка­ко до­да­ток во ис­хра­на­та?

СМУГ­РЕ­СКА: И јас во пра­кти­ка че­сто пре­пи­шу­вам до­да­то­ци во ис­хра­на­та, нај­че­сто за да ја сми­рам мај­ка­та. Во ос­но­ва­та на си­те суп­ле­мен­ти е бе­та-глу­ка­нот, кој учес­тву­ва во по­диг­ну­ва­ње­то на иму­ни­те­тот. Се­кој про­из­во­ди­тел сме­та де­ка не­го­ви­от суп­ле­мент е нај­до­бар. Ро­ди­те­лот сам тре­ба да за­бе­ле­жи што нај­до­бро му од­го­ва­ра на не­го­во­то де­те. Јас ги пре­по­ра­чу­вам си­ру­пи­те што со­др­жат по­ве­ќе ви­та­ми­ни и ми­не­ра­ли и кои мо­же да ги ко­ри­стат се­кое утро. Важ­но е да се спом­не де­ка овие до­да­то­ци се пи­јат од октом­ври до април. Но, во ова мо­ре од по­ну­ди на суп­ле­мен­ти за­бо­ра­ва­ме да се вра­ти­ме на чи­сто­то ри­би­но мас­ло, кое ги со­др­жи ви­та­ми­ни­те А и Д, обич­ни­от ви­та­мин Ц (ако де­ца­та не пи­јат це­де­ни со­ко­ви) и на Б-комп­ле­ксот. Тоа е комп­лекс на Б-ви­та­ми­ни кои се важ­ни за рас­тот и за раз­во­јот на де­те­то. Б-комп­лекс се да­ва три не­де­ли. Ро­ди­те­ли­те че­сто гре­шат ко­га ќе поч­нат да да­ва­ат ви­та­ми­ни и тоа го пра­ват во те­кот на це­ла­та зи­ма. То­гаш е мож­но де­те­то од хи­по­ви­та­ми­но­за да за­пад­не во хи­пер­ви­та­ми­но­за, што, исто та­ка, не е до­бро.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

(интервјуто е објавено во 213. број на неделникот „Република“ на 30. септември)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top