Со објавувањето на добитниците на Нобеловата награда за физиологија или медицина денеска во Стокхолм, почнува Нобеловата недела.
Носителот или носителите на Нобеловата награда за физика ќе бидат објавени утре, за хемија на 5 октомври, за мир на 7 октомври, за економија на 10 октомври, а за литература на 13 октомври.
По желба на Алфред Нобел (1833-1896) наградите, кои го носат неговото име, се доделуваат за најважните откритија во областа на физиката, хемијата, физиологијата или медицината, за забележителни литературни постигнувања, за дејности во интерес на светскиот мир. Наградите ги доделуваат комисии, создадени од Шведската кралска академија на науките – за физика и хемија, од Каролинскиот медицинско-хируршки институт во Стокхолм – за физиологија или медицина, од Шведската академија за литература – за литература. Петточлен комитет, избран од норвешкиот Парламент, ја доделува наградата за мир. Од 1968 година се доделува и наградата за економски науки, која е финансирана од Шведската национална банка.
Првата Нобелова награда е врачена во Сен Тропе во 1901 година, пет години по смртта на Алфред Нобел. Церемониите во Стокхолм и Осло, на кои добитниците ги примаат наградите, по традиција се одржуваат на 10 декември, кога е годишнина од смртта на Нобел.
Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и парична сума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шести македонски конгрес на историјата на медицината
-
Нобеловата награда за литература ја засени секс скандал
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Нобел под микроскоп: Сопруг на членка на Нобеловиот комитет откривал имиња на добитници