| четврток, 6 декември 2018 |

Агент на ЦИА раскажува за животот на вонземјаните (видео)

Авторот и историчар за НЛО, Рикардо Долан неодамна објави интервју со еден анонимен поранешен член на ЦИА кој тврди дека бил во контакт со вонземјани. Анонимниот агент кој е во поодминати години решил да  зборува за сето она што се случувало во текот на годините кога тој работел за тајната агенција. Тој го посетил „Подрачјето 51“, каде што имал можност да види летала на вонземјаните, од кои едно било од Росвел. Имал прилика да види и како живеат вонземјаните.
Неговото сведочење е прикажано на голем конгрес за НЛО ентузијасти, кој неодамна се одржа во главниот град на САД, а на него учествуваа и поранешни конгресмени и неколку поранешни високи политички и воени службеници.
Експертите присутни на Конгресот тврдат дека неговото сведочење не само што е автентично, туку дека прилично допира до вистината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top