Во последниот натпревар од 7. коло на Примера, Барселона го претрпе вториот пораз во сезоната, откако загуби на теренот на Селта во Виго со 4-3. Вина за поразот има и Луис Енрике, кој мечот го започна со шаренолик тим и првото полувреме беше најлош кошмар за Каталонците.
Фактот дека лани загуби во Виго со 4-1 како да не беше доволно предупредување за Енрике, па тренерот на Барса реши покрај повредениот Меси, вечерашниот дуел да го стартува и без Иниеста, Ракитиќ и Маскерано во стартниот тим.
Домаќините знаеја како да го искористат тоа, па откако го издржаа почетниот притисок на шампионот во следните петнаесетина минути постигнаа три гола.
Пионо Систе, кој дојде од Митјиланд во Галиција, го отвори резултатот (1-0). Следеше паника во таборот на Луис Енрике, серија на грешки и уште два гола во мрежата на Тер Стеген во интервал од 31. минута до 33. минута.
Сепак гостинскиот тренер го внесе во игра Андрес Иниеста и Барса почна да игра подобро. Најнапред Пике со глава по центаршутот на Иниеста го искористи лошото излегување на Серхио Алварез за 3-1. Шест минути подоцна Нејмар изнуди пенал, а истиот фудбалер ја изведе најстрогата казна за 3-2.
Кога се чинеше дека мечот е повторно во неизвесност, Тер Стеген во дегажирањето во 77. минута го погоди Пабло Хернандез, а овој ни крив ни должен се запиша меѓу стрелците за 4-2. Луис Енрике го внесе и Пако Алкасар во последните 10-15 минути и Барса делуваше супер офанзивно. Во 86. минута Пике од голема гужва пред домашниот гол ја втурна топката во домашната мрежа со глава и намали на 4-3. Иако со Пике како напаѓач Барса напаѓаше до 95. минута, Нејмар имаше и удар со глава, резултатот не се менуваше и домаќините се радуваа на победа со 4-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)