Арсенал со многу среќа успеа да ја продолжи триумфалната серија и да ја забележи петтата победа по ред во Премиер-лигата, откако славеше на гостувањето против Барнли со 0-1.
„Топчиите“ имаа тотална иницијатива, но на гол се чекаше се до 92. минута, и тоа постигнат со рака. Буквално во последната акција од средбата на вториот дирек се најдоа осамени Окслејд Чембрлен и Кошиелни, англискиот репрезентативец ја шутна топката во рака на Французинот (кој поради големата близина не ни можеше да реагира), па таа заврши во мрежата на Барнли. Во моментот на ударот на Окслејд Чембрлен неговиот соиграч се наоѓаше во офсајд, но помошниот судија не го забележа тоа, па победата им припадна на гостите од Лондон.
Со тоа, Арсенал по осум кола има 16 бода, исто колку и Ливерпул, два помалку од лидерот Манчестер сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)