Европската радиодифузна унија и Националната телевизија на Украина (НТУ) открија дека домаќинот на следното, 62. издание на “Евровизија” во 2017 година ќе биде Киев. Украинската престолнина се бореше за оваа улога во конкуренција со Одеса и Днепар, а после годинешната победа на Џамала и “1944”, земјата ќе ги угости евровизиските фанови по втор пат од 2005 година, кога претходната година за првпат триумфираше на фестивалот со „Wild dance” на Руслана. Покрај стандардната верзија на фестивалот, Киев два пати бил домаќин и на детската Евровизија во 2009 и 2013. В година, трите фестивалски вечери, закажани за 9, 11 и 13 мај, ќе се одржат во Меѓународниот изложбен центар со капацитет од 11.000 посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


