Пеп Гвардиола го претрпе првиот пораз во Премиер-лигата откако Манчестер сити попладнево беше целосно надигран и заслужено загуби на гостувањето против Тотенхем со 2-0. „Спарси“ одиграа фантастично прво полувреме во кое му одржаа лекција на лидерот на табелата, па заслужено поведоа со 2-0. Коларов со неспретна интервенција го отвори резултатот во сопствената мрежа, а на 2-0 зголеми Деле Али по одличното додавање на Сон.
Љорис беше одличен на голот на Тотенхем во вториот дел, бранејќи неколку опасни удари на Агуеро и на Ихеаначо, а најубавата шaнса за трет гол ја пропуштија домаќините, откако Ламела не го искористи пеналот по стартот на Фернандињо над Али. Со оваа победа Тотенхем се приближи на само еден бод од Сити, кој останува на првото место на премиерлигашката табела.
Во вториот натпревар што се играше во истиот термин шампионот Лестер ремизираше 0-0 против екипата на Саутемптон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)